Новак Ѓоковиќ се враќа на светскиот трон!?

Во Лондон интересна е трката за првото место на АТП листата на крајот од 2019 година, а поразот на Рафаел Надал на завршниот Мастерс ги активираше надежите за враќање на Ѓоковиќ на тронот.

Новак Ѓоковиќ после неуспехот на Шпанецот има шанси да се врати на првото место, а за тоа ќе му биде потребно да го освои турнирот во Лондон и тоа без ниту еден пораз.

Мастерс турнирот во Лондон го започна со триумф над Матео Беретини, а денеска од 21.00 часот го очекува дуел против Доминик Тим.

После дуелот со Австриецот, за српскиот ас ќе следува тениската класика против Рожер Федерер в четврток, а потоа и евентуално борбата за титулата наредниот викенд.

Најдобрите тенисери на денешницата Федерер, Ѓоковиќ и Надал беа гости на Би-Би-Си во емисијата „Breakfask“ и одговараа интересни прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот