Новак Ѓоковиќ: Не не почитуваат

epa08627620 Novak Djokovic of Serbia celebrates defeating Jan-Lennard Struff of Germany during their quarter-finals match at the Western and Southern Open at the USTA National Tennis Center in Flushing Meadows, New York, USA, 26 August 2020. Due to the Coronavirus pandemic, the tournament was relocated to NYC to immediately precede the US Open and to be played without fans. EPA-EFE/JASON SZENES

Првиот тенисер на АТП ранг листата преку писмо објасни зашто формирањето на Асоцијација на професионални тенисери е неопходно.

Новак Ѓоковиќ вчера со поднесе оставка од позицијата претседател на Советот на тенисери за кој тврди дека не се почитува ос страна на АТП и на гренд слемовите.

Поради тоа, Ѓоковиќ заедно со Васек Поспишил се подготвени да формираат ново здружение кое ќе се бори за правата на тенисерите.

„Драги тенисери и пријатели,
Како што знаете имав благословена тениска кариера. Немам други интереси освен одржливоста и иднината на тенисот. Соработувајќи со нашиот колега Васек Поспишил и уште десетина сиве овие години, се трудевме да ги претставуваме интересите на играчите на АТП и на гренд слемовите. Едноставно речено, дури иако бев број еден на светот, ние бевме одбивани. Ни ги затвораа вратите, не не почитуваа.

Учествував во тениската политика преку Советот на тенисери во последните 10-15 години и видов 4-5 различни претседатели и многу претставници на одборите на АТП. Треба да знаете дека Асоцијацијата на тенисери не е нов проект, таа идеја постои веќе 30 години. Многу играчи од различни генерации се обидуваа да создадат здружение или сојуз за играчите да имаат подобра застапеност во тенискиот екосистем. Постојан многу фактори и причини зашто тоа досега не се случи, но веројатно главната е неединството. Структурата на АТП не е добра за тенисерите, не мислам дека таа структура им помага на тенисерите. Во минатото многу пати се докажа дека овој систем е против играчите“.

Ѓоковиќ потоа во писмото повторно напоменува дека играчите не се почитуваат.
„Не обвинувам никого поединечно. Разни претседсатели и управи во изминатите години се обидуваа да направат разни работи. Нормално направени се некои добри работи за нас, Сепак мислам дека мнозинството од нас ќе се сложат дека тенисерите не се третираат како што треба во целиот систем. Многу пати не бевме консултирани за одредени прашања. На пример, минатата ноќ претседателот на АТП за само пет минути одлучи да го откаже целиот ден на турнирот. Никој не не праша нас, како мене така и останатите кои се натпреваруваа на турнирот.

Тоа е погрешно и покажува дека немаат почит кон нас. Ова е само еден пример, а ги има многу. Бев дел од Советот бидејќи тоа беше единствено место каде можевме да се бориме за нашите права. Но, за тие кои знаат како функционираат работите, знаат дека Советот не носи одлуки. Во одборот на АТП, ние имаме три члена, исто колку што имаат и АТП турнирите и во 95% од случаите има судир на интереси помеѓу играчите и турнирите. Секоја одлука треба да се носи со мнозинство, но работите во одборот не функционираат така. Можете да замислите колку е вмешана политиката, сето тоа го видов со свои очи“, пишува во дел од писмото на Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот