Новак Ѓоковиќ за првпат од „Ролан Гарос“ се бори за бодови

Новак Ѓоковиќ сака повторно да игра на „Австралија опен“/фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска од 17.30 часот ќе го игра мечот од второто коло на турнирот во Тел Авив против Шпанецот Пабло Андухар.

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Ѓоковиќ како прв носител на турнирот беше слободен во првото коло и влегува како фаворит за освојување на трофејот во Израел.

Андухар има 36 години, моментно е 115 играч на светот (беше и број 32 на АТП), а Ноле славеше во двата досегашни дуели, во Умаг 2007 и Индијан Велс 2012. Доколку Ѓоковиќ ја оправда фаворитската улога, во четвртфиналето ќе игра против Лешем (Израел) или Поспишил (Канада).

Турнирот од серијата 250 во Тел Авив не се одржа во 2020 и 2021 година поради пандемијата на коронавирусот. Наградниот фонд оваа година е вреден 949.475 долари.

Ѓоковиќ бидејќи не е вакциниран против ковид-19 не можеше да патува во САД и да игра на „УС Опен“. Потоа, поради свадбата на неговиот брат Ѓорѓе ја пропушти и групната фаза со репрезентацијата во Дејвис купот во Валенсија.

Вимблдон“ не се бодуваше, а ваквата одлука на АТП следуваше како одговор на организаторите на турнирот да ги суспенираат руските и белоруските тенисери и тенисерки. Така, денеска Ѓоковиќ за првпат од „Ролан Гарос“ ќе се бори за бодови.

На Хуан Мартин Дел Потро му откажале колената, не може ни да вози

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот