Новак Ѓоковиќ со 22 неверојатни достигнувања по освојувањето на грен слем титулата на „Австралија опен“

фото: EPA-EFE/James Ross AUSTRALIA

Во неделата најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои својата 22 грен слем титула и 10 титула на „Австралија опен“ и уште еднаш ги помести границите во тенисот.

По тој повод специјализираниот портал „Tennis.com“ објави список со неверојатни 22 статистички податоци по повод 22 титула на српскиот ас, со кои тој продолжи да ја пишува историјата на овој спорт.

Со оваа титула во Мелбурн се израмни со Рафаел Надал по бројот на грен слем титули, а бидејќи е подобар од Шпанецот во други параметри, без сомнение може да се смета за најдобар тенисер на сите времиња.

ВИДЕО | Бојчев: Ѓоковиќ ја докажа големината

Ова се 22 рекорди на Новак Ѓоковиќ по освојувањето на 22 грен слем титула:

1. Го израмни рекордот по грен слем титули, кој претходно го држеше Рафаел Надал со 22 титули

2. Го зголеми својот личен рекорд за најмногу титули на „Австралија опен“ со 10 титули, далеку пред Рој Емерсон и Рожер Федерер со по шест.

3. Новак стана еден од тројцата во историјата на тенисот кој освоил грен слем, 10 или повеќе пати. Тоа пред него го направија Рафаел Надал со 14 на „Ролан Гарос“ и Маргарет Корт со 11 титули на „Австралија опен“.

4. Новак сега има 10:0 во финалните мечеви на „Австралија опен“, а статистиката делува уште пострашна кога на тоа ќе се додадат и 10-те полуфиналиња кои никогаш не ги загубил.

5. Го надмина рекордот на Маргарет Корт со резултат 10:0 во финале на еден грен слем. Таа има 11:1, а најдобра статистика има Рафаел Надал кој има 14:0 на Ролан Гарос.

6. Тој го собори машкиот рекорд за последователни победи на „Австралија опен“, сега има 28, надминувајќи го Андре Агаси кој победи 26 пати по ред помеѓу 2000 и 2004 година.

7. Победи на 10 од последните 12 грен слем финалиња, а 14 од последните 17. Во 2015 година имаше учинок од 8:8 во грен слем финалиња, а сега тој биланс е 22:11.

8. Го престигна Надал и стана четврти на вечната листа по вкупен број на титули со 93. Топ 5 сега изгледа вака: Џими Конорс (109), Рожер Федерер (103), Иван Лендл (94), Новак Ѓоковиќ (93).

9. Се врати на првото место на АТП листата, зголемувајќи ја својата предност пред Федерер на 64 недели на врвот. Новак сега има 374 недели, додека Федерер застана на 310.

10. Скокна на првото место за 5 места, што е најголем скок на тронот во историјата на АТП листата. Претходно, рекордот беше кога Карлос Моја (мај 1999), Агаси (јули 1999), Сампрас (септември 2000 година) и Карлос Алкараз (септември 2022 година) дојдоа од четврто на прво место.

11. Новак беше рангиран број 1 во 12 различни години, најмногу во историјата на тенисот. Беше број 1, од 2011 до 2023 година. Втор зад Новак е Надал, кој успеа да го направи тоа во 10 различни години.

12. Новак е на четири недели од рушење на рекордот на сите времиња на Штефи Граф со 377 недели поминати на 1 место, а тој рекорд се очекува да биде урнат веќе на 27 февруари.

ВИДЕО | Бојчев: Ѓоковиќ ја докажа големината

13. Новак моментно е во серија од 41 победи на австралиско тло. Последниот пораз беше пред пет години кога на 22 јануари загуби од Кореецот Хјеон Чунг.

14. Новак моментно има биланс од 109 победи и 10 порази во Австралија. Тоа е процент од 91,6 победи на сите мечеви. Во кариерата има 934:196, што е 82,7 отсто победи во кариерата.

15. Ѓоковиќ триумфираше во сите негови последни 19 мечеви против Топ 10 играчи во Австралија, а во последните 29 мечеви против Топ 10 играчи, загуби само еден, а тоа беше пораз од Станислас Вавринка, кој тогаш беше осми играч во светот, во четвртфиналето на Австралија Опен 2014 година.

16. Новак беше подобар и во последните 19 мечеви против Топ 5 играчи. Во Австралија има скор од 19:2 против Топ 5 играчи, а единствено загуби од Марат Сафин во 2005 година кога беше четврти и во 2007 година кога беше поразен од Федерер, кој тогаш беше прворангиран.

Директорот на Австралија Опен: Ѓоковиќ го освои турнирот со тешка повреда

17. Од последните 50 мечеви, Новак победи на 47. Единствените три порази во тој период беа од Надал на Ролан Гарос во четвртфиналето, од Холгер Руне во финалето на Париз, а се брои и поразот од Оже Алијасим, иако дојде на Лејвер купот кој не е вклучен во бодувањето на АТП листата.

18. Освои шест од последните седум турнири. Единствениот на кој не ја освои титулата беше Мастерсот во Париз, каде по голема борба беше поразен од Холгер Руне.

19. Победи 17 меча по ред, загуби само три сета, кои ги загуби во многу тесни тај-брејкови, против Медведев, Корда и Куако.

20. Од 2006 година освојува по две титули секоја година, што е 18 години по ред како крева најмалку два пехари во една сезона.

21. Го израмни рекордот на сите времиња во машкиот и женскиот тенис за најмногу Грен слемови на тврда подлога. Новак сега е изедначен со Серена Вилијамс со по 13 Грен слемови.

22. Тој исто така го израмни рекордот на Серена Вилијамс за најмногу освоени титули откако наполни 30 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот