Новак Ѓоковиќ откри кога ќе се врати на терените

Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Новак Ѓоковиќ ја немаше најуспешната 2024 година, но освои злато на Олимписките игри, што секако му беше најважно. За некои други тенисери, сезоната на Србинот би била најдобра или барем една од најдобрите во кариерата, но за стандардите на Ѓоковиќ беше потпросечно, бидејќи не освои ниту еден трофеј.

Ѓоковиќ неодамна играше во финалето на Мастерсот во Шангај, загуби од Јаник Синер, а потоа на егзибицискиот турнир во Саудиска Арабија го освои третото место зад Италијанецот и Карлос Алкараз.

– Ќе играм во првата недела од сезоната, сѐ уште не сум одлучил каде точно – откри Ѓоковиќ за „Спорт Клуб“.

Иако нема навика да игра пред Австралија опен, кој е во средината на јануари, се чини дека Ѓоковиќ добро ќе се загрее за првиот Грен слем во сезоната во 2025 година.

„Тенисот е сè уште во фокусот – сега одиме на „целосни“ подготовки, па одново. Само требаше малку да се освежам по оваа година – се зборовите на Ѓоковиќ.

После тоа сфати дека му треба одмор, па реши да ги пропушти Мастерсот во Париз и Завршниот Мастерс во Торино, иако требаше да го брани трофејот на двата турнири. Оваа пауза нема да го чини скапо, иако сигурно ќе падне на АТП листата, што може да биде значајно за ждрепките на турнирите на почетокот на следната година.

фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Интересно е што играше и во 2023 година пред Австралија опен, а потоа покрај титулата на првиот Грен слем сезонава, го освои и пехарот во Аделаида, каде може повторно да се појави. Аделаида е на распоред од 6 јануари, а можеби би можел да игра и во Бризбејн или Хонг Конг, кои почнуваат во исто време, но и малку порано од Аделаида.

Сите три споменати турнири се од серијата 250, а во овој момент најреално изгледа да настапи во Бризбејн, бидејќи доколку се појави во Аделаида, веднаш по него ќе треба да замине во Мелбурн. Да потсетиме, главниот фокус на Ѓоковиќ се Грен слемовите, а тој и понатаму сака да игра со Србија во Дејвис купот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот