Новак Ѓоковиќ нема повеќе пречки – може да игра на грен слем турнирот „УС Опен“

фото: EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Горниот дом на Соединетите Американски Држави со 68 гласа „за“ донесе одлука за прекин на вонредната состојба поради коронавирусот, што значи дека најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ нема повеќе пречки да учествува на УС Опен.

Тоа практично значи дека само потписот на Џо Бајден, претседателот на САД, го дели крајот на вонредната состојба.

Претходно беше најавено дека сите забрани официјално ќе паднат на 11 мај, што значи дека вратата на Ѓоковиќ во САД ќе биде отворена за првпат од 2021 година.

Како невакциниран странец до сега Ноле не можеше да се натпреварува на турнири.

Тоа значи дека Ѓоковиќ би можел да игра на „УС Опен“ од 28 август до 10 септември, но и дека би можел да игра на Мастерсот во Синсинати.

Алкараз: Сакам да играм против Ѓоковиќ кога е во најдобра форма, тогаш ќе уживам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот