Новак Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Доха

фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, ќе игра на турнирот од серијата 500 во Доха, Катар, потврдија организаторите. Оваа вест е само уште еден доказ дека српскиот ас има големи планови за следната сезона.

Навивачите немаа многу можност да го гледаат Србинот минатата сезона, но тоа ќе се промени во наредната година во која Ноле сака да игра многу повеќе.

Лани, по Австралија опен, Ѓоковиќ го видовме дури во март на Индијан Велс, но оваа година ќе игра во февруари откако организаторите на турнирот во Доха го потврдија учеството.

Турнирот во Доха во претходните години беше дел од турнирите од серијата 250, а од следната година ќе означи историска промена.

Иако фокусот на Ѓоковиќ ќе бидат Грен слемовите, тој ќе се подготвува за нив на Мастерсите и помалите турнири, на кои лани не играше многу. Ова е показател дека српскиот ас нема намера да запре ниту на 37 години.

Новата започнува во Бризбејн на 29 декември, а потоа се сели во Мелбурн каде српскиот тенисер ќе се обиде да стигне до својата 11. титула на Австралија опен, кој започнува на 12 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот