Новак е специјален, генијалец и перфекционист

EPA-EFE/PETER KLAUNZER

Еден од двајцата тренери на првиот светски рекет, Горан Иванишевиќ откри што го издвојува Новак Ѓоковиќ од останатите.
– За ова би ни биле потребни три часа да зборуваме. Се го одвојува, иако верувам дека на прво место е нашиот балкански менталитет кој е посебен, поинаков, поснаодлив, најдобар.
Не зборувам само за Новак како тенисер туку за сите спортови и надвор од спортот. Затоа Западот се плашо од нас, бидејќи сме добри. Новак е специјален, генијалец и перфекционист. Не велам дека секогаш е лесно со него, но тоа претставува голем предизвик, доверба, чест. Тој е човек кој сака секој ден да биде подобар и подобар, денеска беше добар, но веќе утре мора да биде подобро. Постојано ве турка напред и многу може да се научи од него, никогаш не е досадно – вели Иванишевиќ кој моментно претстојува во Белград на Србија Опен.

Интересно е што оваа година, ќе се одбележат точно 20 години од неговиот триумф на Вимблдон.
– Искрено, другите нека водат статистика за тоа, кога ќе ми честитаат, се прашувам зошто сега го прават тоа. Гледам дека остарев, дека времето брзо поминува. Тој Вимблдон е неповторлив, толку чудни работи се случуваа кои никогаш повторно нема да се случат – додава Иванишевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот