Новак е најкомплетниот тенисер на сите времиња

Новак има можност да стане првиот тенисер по Род Лејвер кој го освои календарскиот слем/ фото: EPA-EFE/NEIL HALL

По освојувањето на шестата титула на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ е најблиску до признанието за „најдобар на сите времиња“, смета Патрик Муратоглу.

Ѓоковиќ вчера го совлада Матео Баретини со 3:1 во сетови во финалето на Вимблдон и по шести пат го крена шампионскиот пехар, додека во исто време дојде и до 20. грен слем титула во кариерата со што се израмни со Рожер Федерер и Рафаел Надал.
– Новак е најкомплетниот тенисер на сите времиња. Тоа му овозможува да најде решение за секој проблем на теренот и тоа на секоја подлога. Тоа исто така објаснува зошто сега е во најдобра позиција да стане најдобар во историјата – изјави тренерот на Серена Вилијамс,  Патрик Муратоглу.

Новак Ѓоковиќ оваа година победи на трите грен слем турнири, Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон и за два месеци на УС Опен ќе има можност да дојде до календарски грен слем.
– Едвај го чекам финалето на УС Опен: Новак – Рафа, Новак – Рожер или Рожер – Рафа.
Еден од овие мечеви би бил злато вреден. Нормално, до него можеби нема да дојде бидејќи младите тенисери се се подобри,  иако засега големата тројка ги освојува грен слем трофеите. Поентата е дека вакво финале би било од голема, непроценлива важност за  тенисот – додава Муратоглу.

Тениските легенди немаат дилеми, Ѓоковиќ ќе освои 25 или 26 грен слем титули

Дали трката за најдобриот во историјата е завршена – Таа е одамна завршена

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот