Новак е машина, но Федерер е најдобар во историјата

EPA-EFE/JOE CASTRO

Легендарниот американски тенисер е загрижен за иднината на тенисот откако тројцата најдобри тенисери на денешницата, Роже Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, ќе заминат во пензија.
„Големата тројка“ заедно има освоено дури 53 Гран слем титули што е доволен доказ за нивната доминација во последните 15-тина години. Од 2006 година па досега, покрај „големата тројка“, титули на Гран слем турнирите освојувале само уште и Хуан Мартин Дел Потро (1 титула), Станислас Вавринка (3) и Енди Мареј (3) и Марин Чилиќ (1).

– На тенисот ќе му опадне популарноста бидејќи во изминатата деценија ги гледавме најдобрите играчи во историјата. Федерер е најдобриот играч кој некогаш сум го видел, Надал е сензационален шампион и некој кој идеално ја комбинира техниката со силата, додека Ѓоковиќ е вистинска машина. Не гледам тенисер кој ја има нивната харизма, можеби Зверев е најдобар од младата генерација но сепак е далеку од нив – изјави Мекинро во интервјуто за францускиот весник „Фигаро“.

Славниот тенисер е свесен дека сегашниот тенис е многу напреднат од времето кога тој доминираше на терените.
– Се игра далеку побрзо и тенисерите мора да бидат добро физички подготвени. Во САД, најдобрите атлети се во американскиот фудбал и во кошарката. Доколку се заинтересираа за тенисот, сега САД повторно ќе имаше големи шампиони како Пит Сампрас – потенцира Мекинро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот