Новак е главна фаца во Токио, сите спортисти сакаат да се сликаат со Ѓоковиќ

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе се обиде во Токио да дојде до првиот златен медал на Олимписките игри и во исто време да го продолжи походот кон „златниот слем“.

Ѓоковиќ веќе се наоѓа во олимпиското село заедно со останатите спортисти, и тоа за многумина од нив претставува можност да се фотографираат со најголемата ѕвезда на Игрите во Токио.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gabriela Guimaraes (@gabiguimaraes10)


– Луѓе, буквално е полудам. Животот ми се ресетираше, и понатаму не можам да поверувам. Освен тоа што ми е идол, тој е многу пријатна личност. Те обожувам Новак“,напиша бразилската одбојкарка Габриела Гимараеш под фотографијата со Ѓоковиќ.

Сликата на денот“, објави индискиот натпреварувач во бадминтон Саи Пранит.

Задоволна по заедничкото фотографирање беше и руската ракометака Ана Сен.
„Како е кул. Не поздрави на нашиот јазик и ни посака многу среќа“


Вчера Новак се фотографираше и со тренерот на Дејан Георгиевски, Дарко Костовски. Фотографијата ја објави Костовски на својот профил на Фејсбук протиа пораувајќи дека и двајцата си посакале златни медали.

Георгиевски оди по медал во Токио

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот