Новак е единствен кој се бори за нас тенисерите

epa08928927 Serbian tennis player Novak Djokovic takes part in a training session at Puente Romano tennis club, in Marbella, southern Spain, 09 January 2021. Djokovic prepares himself for the Australia Open that takes place in Melbourne Park from 08-21 February. EPA-EFE/Antonio Paz

Швајцарската тенисерка Белинда Бенчиќ застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ кој е цел на критики поради неговиот предлог до организаторот на Австралија Опен за поблаги мерки на тенисерите и тенисерки кои се наоѓаат во карантин во Мелбурн.

Ѓоковиќ заедно со Рафаел Надал и Доминик Тим имаат подобар третман од организаторот на Австралија Опен бидејќи тие се наоѓаат во карантин во Аделаида наместо во Мелбурн.

Најдобрите тројца тенисери на светот во Аделаида на 29. и 30. јануари ќе играат егзибициски турнир по што ќе се преселат во Мелбурн каде дури 72 тенисери и тенисерки се наоѓаат во строг карантин и не смеат да ги напуштат собите. Причиниата за тоа е бидејќи во авионот со кој патувале имало позитивен на коронавирус.

Останатите тенисери имаат на располагање пет часа секој ден за тренинзи, а Ѓоковиќ побара за тие што се наоѓаат во строг карантин да има поблаги мерки и да им се обезбедат услови да тренираат во своите соби.

Овој предлог на Ѓоковиќ беше одбиен од австралиските власти, а српскиот тенисер се најде на удар на јавноста но и на дел од домашните тенисери.
Во негова одбрана застана Швајцарката Белинда Бенчиќ, која изјави дека само Ѓоковиќ се борел за тенисерите и тенисерките.


– Можам да разберам тоа што една група се наоѓа во Аделаида, тие се најдобрите, најголемите во нашиот спорт. Директорот на Австралија Опен Крег Тили ја бранеше својата позиција и за мене тоа е разбирливо, но веднаш треба да се прекине со приказните за еднаков третман. Бо сакала да му симнам капа на Новак Ѓоковиќ и неговиот потег. Иако доживеа голем удар, тој е единствениот од привилегираните кои направи некаков потег за нас – изјави Бенчиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот