Нова жртва на коронавирусот во Штип

Штипјанец на возраст од околу 55 години е 11 жртва во коронавирусот од тој град.

Штипјанец на возраст од околу 55 години е 11 жртва во коронавирусот од тој град. Тој во Градската oпшта болница во „8 Септември” во Скопје бил примен пред неколку дена со други здравствени проблеми, а тестот покажал дека сепак е позитивен на вирусот.

Штипјанецот, кој почина беше вработен во Општина Штип и подолг период не бил на работа. Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека досега се пристигнати позитивни резултати за 22 лица од Штип, од кои пет се работници од приватниот скрининг на штипската конфекција.

-Во тек се епидемиолошките анкети со остантите лица, на кои резултатите денеска им се пристигнати, по што ќе се утврди како се заразиле, односно дали се од постојните фабрички кластери или се контакти на веќе заразените, вели Димитрова.

Неколку конфекции во текот на денот им најавиле дека ќе ги затворат погоните со цел да не се шири вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот