Нова заплена на пиротехнички средства на полицијата

Во Струмица полицијата заплени речиси 6000 пиротехнички средства.

По претходно добиени сознанија, од страна на полициски службеници од ПС-ОН Струмица во објект на ул. „Атанас Нивичански” денеска се пронајдени разновидни пиротехнички средства, вкупно 5833 парчиња.

Како што соопшти МВР во врска со овој случај приведен е Б.И. (20) од Струмица.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот