НОВА ЗАЛОЖНИЧКА КРИЗА ВО УКРАИНА: Маж вооружен со граната држи заробен полицаец и се упатува кон Киев (ВИДЕО)

Киев, Украина /Фото: Anna Marchenko / TASS / Profimedia

Мажот потоа побарал возило и со него, заедно со полковникот, се упатил кон излезот од градот.

Во Украина, Полтава, се случи нова заложничка драма, откако маж држеше полковник за заложник, а се заканувал и дека ќе активира граната, пренесуваат светските медиуми.

Инцидентот се случил пред зградата на управниот суд, откако полицијата се обиде да го приведе мажот поради кражба на автомобил.Полицијата соопшти дека во текот на апсењето киднаперот извадил граната и се заканувал дека ќе ја активира.

Ситуацијата дополнително се искомплицирала откако зел полицаец за заложник.

По преговори, киднаперот го пуштил полицаецот во замена за шефот на одделението, полковникот Виталија Шијан.

Мажот потоа побарал возило и со него, заедно со полковникот, се упатил кон излезот од градот.

РИА Новости наведува дека сега се движат кон Киев, а ги следат припадници на полицијата.

Во друг украински град само еден ден порано исто така се случи заложничка криза, кога вооружен маж зеде заложници патници во автобус и се закануваше дека ќе активира експлозив, но за среќа нема повредени.

ЗАЛОЖНИЧКА КРИЗА ВО УКРАИНА: Вооружен маж држи како заложници 20 патници во автобус (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот