Нова закана од Чеферин и УЕФА: Доколку не се откажат од Суперлигата ќе летаат од ЛШ

фото: EPA-EFE/Richard Juilliart

Претседатело на УЕФА, Александер Чеферин по денешната седнина за Извршниот комитет на европската куќа на фудбалот им се обрати на останатите клубови кои ја формираа, а не се откажаа од Суперлигата.
Шесте англиските екипи (Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Арсенал, Челси, Ливерпул и Тотенхем), Атлетико Мадрид и Интер и официјално се откажаа од европската Суперлига како и финансиерот Џеј Пи Морган, но Реал Мадрид, Јувентус и Милан не се откажуваат од „лигата на богатите“.

Токму овие четири екипи имаат најголеми загуби во време на пандемијата на коронавирусот и поради тоа не отстапуваат од Суперлигата која треба да им носи најмалку 400 милиони евра секоја година.
Но, откако УЕФА ја доби битката со Суперлигата, првиот човек на европската куќа на фудбалот, Александер Чеферин, им испрати силна порака на бунтовниците.
– Реал Мадрид, Барселона, Јувентус и Милан мора да донесат одлука. Мораат да одлучат дали се европски клубови или клубови за Суперлигата. Доколку сакаат да останат суперлигашки клубови, тогаш сигурно нема да играат повеќе во Лигата на шампионите – изјави Чеферин.

Суперлигата требаше да ја финансира Саудиска Арабија

Кризата го тресе Реал Мадрид од сите страни

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот