Нова веб страна за сите информации поврзани со коронавирусот

Владата на Република Северна Македонија објави нова централна веб-страница за сите официјални информации поврзани со справувањето со коронавирусот на којашто ќе се објавуваат мерките, препораките и вестите од институциите.
-Адресата на новата владина „Коронавирус МК” веб-страница е  koronavirus.gov.mk на која граѓаните ќе можат да се информираат за сите апели, совети, препораки и забрани со цел спречување на ширењето на вирусот, како и за медицински насоки во случај да почувствуваат симптоми, но и како да обезбедат психолошка поддршка во време на самоизолација. На веб-страницата постои и секција за економските мерки, на која ќе бидат објавувани сите уредби за начините на искористување на мерките од страна на фирмите и работниците, со цел спасување на работните места во државата, се вели во соопшштението на Владата.Веб-страницата „Коронавирус МК” е придружена и од мобилни апликации (за Андроид и иОС) за поедноставен пристап, преку кои редовно ќе се испраќаат нотификации до граѓаните кои на својот смарт-телефон ќе ја инсталираат оваа апликација, поврзани со дневните апели на Владата за почитување на мерките, најави за прес-конференции, потсетувања за активните мерки и забрани и други информации во корист за граѓаните. Апликациите ќе можат да се преземат од новата веб страница.  www.koronavirus.gov.mk/app.

Под името Коронавирус МК / Koronavirus MK, Владата отвори и Фејсбук, Инстаграм и Твитер страници на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот