Нова тужба против Алек Болдвин за убиството на колешката: „Тој си играше руски рулет“

Алек Болдвин/Халина Хачинс/ Фото Профимедиа

Членка на екипата од снимањето на „Рѓа“, ​​Мејми Мичел, во тужбата изјавила дека според сценариото не било неопходно да се пука со пиштол во текот на сцената која Алек Болдвин ја вежбал, кога минатиот месе ја уби снимателката Халина Хачинс.

Нејзината адвокатка Глорија Олред ја потврдила тужбата против Болдвин и против другите продуценти на филмот, објаснувајќи дека одговорноста за спречување на оваа трагедија била и на актерот, пренесува Ројтерс.

Супервизорот на сценариото Мичел во тужбата наведува дека Болдвин требало сам да провери дали пиштолот има боева муниција, а не да се потпира на тврдењето на помошникот режисер дека револверот Колт 45 е безбеден за употреба.

„Според нашето мислење, Болдвин си играл руски рулет, одлучувајќи да не провери дали пиштолот е наполнет пред да го земе во раце“, рекла Олред.

Во тужбата е наведено дека сценариото предвидувало снимање на три кадрови, очите на Болдвин, дамки од крв и торзото на Болдвин „додека тој ја става раката на футролата и го вади пиштолот“, но дека „никаде не се споменува дека Болдвин или кој било друг треба да пука од пиштолот“.

Мичел тврди дека е извршен напад, предизвикано е емоционално вознемирување и намерно нанесување повреда, според извештајот заснован на копијата од судските документи.

Претходно, друг член на филмската екипа, кој беше сведок на фаталното пукање за време на снимањето на една од сцените минатиот месец, поднесе тужба против актерот Алек Болдвин и продуцентот на филмот за несовесно однесување, а властите во Санта Фе сè уште истражуваат и не поднеле кривична пријава.

ВИДЕО | Андоновиќ: Во бизарна филмска сцена убиена актерка од страна на својот колега – во реквизитерскиот пиштол имало вистински куршуми

Снимателката Халина Хачинс беше убиена на 21 октомври, а режисерот Џоел Соуза беше ранет кога пиштолот на Болдвин, за кој се мислеше дека е безбеден, испука куршум за време на снимањето на филмот во Ново Мексико.

Нови детали, помошникот режисер призна во полиција: Не проверив дали во пиштолот на Болдвин има лажни куршуми

Видео на денот