Нова тура вакцини за Република Српска: Србија им испраќа уште 20.000 дози

Милорад Додик / Фото: Профимедиа

Претседателот на претседателството на БиХ, Милорад Додик, рече дека се договорил со српскиот претседател Александар Вучиќ околу 20.000 вакцини да бидат доставени од Србија до Република Српска на почетокот на следната недела.

– Тој процес на давање вакцини на нашите граѓани ќе продолжи континуирано и ќе се одржува на најдобар можен начин, рече Додик и додаде дека разговарал со Вучиќ синоќа и утрово и дека испораката на вакцините е договорена за понеделник или вторник.

Тој изјави дека се чини дека сè е направено за да се набават не само руски, туку и кинески и некои други вакцини.

– Бевме целосно измамени од програмата Ковакс, а парите беа исплатени, посочи Додик.

Тој додаде дека гледа амбасадори, особено британскиот, кои држи лекција како тие треба да бидат повеќе посветени.

– Ни зедоа 6,2 милиони евра и тој ни држи предавање за тоа како ние треба да се бориме за тоа, а неговиот народ секако е цел вакциниран, изјави Додик пред новинарите во Приједор.

Тој изјави дека во Република Српска вакцините континуирано се примаат според планот и приоритетите.

– Очекуваме испорака што им ја плативме на Русите од 1.100.000 дози, тоа е за 550.000 жители во Република Српска,  400.000 дози зедовме преку програмата Ковакс, „Фајзер“ и други, кои, за жал, не ги добиваме, бидејќи Америка вели – додека не се вакцинира и последниот Американец не може да добие ниту еден во БиХ, нагласи Додик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот