Нова трансфер „војна“ меѓу Реал и Барселона?

фото: fcbarcelona.com

Интернационалецот од Габон има договор со „топчиите“ до 2021 година, а веќе неколку пати одби да стави нов отпис со лондонскиот клуб од „Емирати“.

Шпанскиот „Ел Десмарке“ тврди дека една од заинтересираните екипи за напаѓачот на премиерлигашот е Реал Мадрид кои се подготвени да одвојат 70 милиони евра за трансфер.

Воедно во текот на ТВ емисијата „Ел Чирингито“ можеа да се слушнат и зборовите дека Барселона покажува интерес да го доведе поранешниот играч на Борусија Дортмунд.

Во Барса го гледаат Габонецот како замена за уругварскиот интернационалец Луис Суарез кој во јануари ќе го прослави 33. роденден.

Обамејанг дојде во Арсенал во јануари 2018 година од Дортмунд за скоро 65 милиони евра. Оттогаш во дресот на „топчиите“ во сите натпреварувања има 78 мечеви и 50 реализирани голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот