Нова тениска класика, Ѓоковиќ и Федерер за трофејот на Вимблдон

Во машкото финале на Вимблдон ќе се сретнат двајца од тројцата најдобри тенисери во последната деценија, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

Еден против друг за трофејот на најпрестижниот тениски турнир ќе играат тенисерите кои заедно имаат вкупно 35 гран слем трофеи, дури 176 титули на турнирите, заедно биле 570 недели на првото место на АТП ранг листата, а имаат вкупно 12 титули на Вимблдон. Федерер на централниот терен од 15 часот ќе го брка својот деветти трофеј, додека бранителот на трофејот, Ѓоковиќ, сака колекцијата на пехари да ја зголеми на пет.

– Сништата се остваруваат, Без разлика на финалињата кои сум ги играл на гран слем турнирите, да се игра финале на Вимблдон е нешто сосема поинакво. Ќе уживам во секој момент на централниот терен, не само поради финалето, тукуи поради тоа што играм против Роџер. Добро се познаваме и ќе приредиме добра претстава за гледачите, бидејќи нашите дуели отсекогаш биле незивесни – вели Ѓоковиќ.

Денешната финална пресметка ќе биде вкуно 48-ма помеѓу двајцата тенисери, а поуспешен во меѓусебниот скор е српскиот тенисер со 25 победи и 22 порази. Интересно е што Ѓоковиќ е поуспешен во меѓусебниот скор со Федерер и на неговата омилена подлога, тревата, каде води со 2:1 иако првиот дуел од 2012 година го загуби во полуфиналето.

Роџер Федерер од друга страна е најстариот финалист на Вимблдон и е тенисерот со највеќе гран слем финалиња, дури 31. Единствени со повеќе гран слем финалиња се Крис Еверт со  34, Серена Вилијамс (32) и Мартина Навратилова (32).

– Новак игра неверојатно на Вимблдон, згора на тоа повторно е на врвот, ја брани титулата. Се надевам дека ќе можам да го победам, но ќе биде многу тешко – вели Федерер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот