Нова судска одлука во Канада: Кој падне и се повреди на снег, може да го тужи градот

Снег Торонто/ Фото EPA/STEPHEN MORRISON

Врховниот суд на Канада одлучи дека општините мора да го отстранат снегот каде пешачат луѓето и не се имуни на тужбите што произлегуваат од непочитување на таа обврска.

Одлуката е резултат на случајот инициран од жена која ја повредила ногата додека минувала снежна рампа во Нелсон, Британска Колумбија, во 2015-та година. Тарин Џој Марси го тужеше градот за милион долари и нејзината тужба сега повторно ќе биде изведена на суд, пренесува Би-Би-Си.

Одлуката на Врховниот суд се очекува да предизвика лавина судски процеси за лизгање и паѓање на снег низ земјава.

Канада троши стотици милиони долари за расчистување на снегот, а случајот на Марси предизвика голем интерес во јавноста.

Марси се обидела да го тужи градот Нелсон затоа што ја повредила ногата прескокнувајќи куп снег за да стигне до пешачката патека. Градот расчистил неколку паркинг места, но чистачите натрупале снег покрај рабникот и не го расчистиле пешачкиот премин.

Кој е виновен во оваа ситуација?

Првиот судија што го слушнал нејзиниот случај и рекол дека таа е виновна и дека го знае ризикот да прескокне еден куп снег. Друг суд пресуди дека градот ја исполнил својата должност и го отстранил снегот и е имун на тужби.

Тогаш Врховниот суд пресуди дека тоа е премногу широка дефиниција и дека отстранувањето на снегот е прашање на политика на секоја општина, но дека градот не може да процени каде ќе го отстрани снегот, а каде не.

„Со расчистување на паркинг местата на улицата Бејкер, Градот ја повика јавноста да ги користи за пристап до фирмите лоцирани на улицата“, се вели во пресудата. „Тужителот се обиде да го стори токму тоа, кога падна од купот снег што го остави Градот при неговото отстранување.

Видео на денот