Нова студија: Топењето на мразот на Арктикот поради климатските промени носи снег и студени бранови во Европа

unsplash
Фото Архива

Арктичкиот Океан, кој поради глобалното затоплување, губи огромен дел од својот мраз што придонесува за пообилни снежни врнежи во Европа, открива новото истражување.

Ледениот бран наречен „Ѕверот од исток“, кој парализираше голем дел од северна Европа, во февруари и март 2018 година, чинеше повеќе од милијарда евра на ден само за Велика Британија.

unsplash

Според студијата објавена во списанието „Nature Geoscience“, овие големи снежни бури се директен резултат на „абнормално“ топлите води во Баренцовото Море, што неколку недели пред феноменот остана без мраз на околу 60 проценти од неговата површина.

Тој леден бран во Велика Британија беше наречен „Ѕверот од исток“, „Снежен топ“ во Шведска, а во Франција – феномен „Москва-Париз“.

Студијата заклучува дека доколку Беренцовото Море остане без мраз тоа ќе биде главниот извор на влага за континентална Европа и ќе биде причина за обилни дождови или снежни врнежи, што воедно ќе влијае на инфраструктурата и сообраќајот.

unsplash

Тоа ќе значи нарушување во снабдувањето со храна и гориво и уништување на посевите. Можеби изгледа чудно што затоплувањето на Арктичкиот океан предизвикува поголем снег во Европа, но природата е сложена и тоа што се случува на Арктикот не останува само во Арктикот“, предупредува студијата која ја водеше Хана Бејли од Универзитетот Улу во Финска.

Според пресметката на истражувачите, од тоа море испариле 140 гигатони вода, од која се создале 88 проценти од влагата што падна како снег во Европа, пишува „Баронс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот