Нова студија: Печурките се потат, за да се разладат

Фото: Pexels/ Ameruverse Digital Marketing Media

Нова студија открива дека, печурките и веројатно сите габи имаат способност да се разладат со помош на испарување на водата која ја содржат, пишува „Лајф сајенс“.

Научниците, иако сè уште не знаат зошто габите ја поседуваат оваа способност, сметаат дека новото откритие ќе помогне при изучувањето на комплексната биологија на габите, а може да даде и позитивни резултати за здравјето на луѓето.

За ова истражување користена е инфрацрвена камера со која се направени фотографии од повеќе печурки во шума. На фотографиите, научниците забележале дека температурата на печурките е пониска од околината во која се наоѓаат.

Тимот од научници овој феномен кај печурките дополнително го истражувале во својата лабораторија и утврдиле дека различните видови на печурки се разладуваат преку испарување на вода од нивната површина, што во суштина значи дека тие се потат.

Во нивниот труд, научниците велат дека печурките преку овој феномен, создаваат оптимални услови за формирање и размножување на спори.

Тие се ентузијасти и сметаат дека ова откритие остава простор да се дознае релацијата на габите со другите единки во околината, вклучувајќи ги и луѓето. Доколку се дознае зошто габите претпочитаат пониски температури,  може ќе се спречат габичните инфекции кои влијаат врз здравјето на човекот. Познато е дека над 1,5 милиони луѓе годишно се жртва на габични инфекции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот