Нова студија: Пациентите на хемотерапија имаат подобар имунитет по третата вакцина

Ковид вакцина/Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Нoвата студија од Медицинскиот факултет во Аризона, тврди дека заштитата од коронавирусот постигнато со третата доза на „Фајзер / БиоНтек“ кај пациенти со рак подложени на хемотерапија е поголема.

„Хемотерапијата може да ја наруши способноста на пациентите со рак да се борат против инфекциите и да развијат соодветен одговор на вакцините“, вели Депета Батачарија од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Аризона, коавтор на студијата објавена во списанието „Nature Medicine“.

Неговиот тим проучувал 53 пациенти кои примале хемотерапија и примиле две дози од вакцината на „Фајзер“. Речиси сите испитаници развиле имунолошки одговор по вакцинацијата.

Нивото на антитела се подобри кај огромното мнозинство пациенти

„Според сите истражувања, ова е причината зошто пациентите со рак се повеќе подложни на инфекции и ковид-19 отколку здравите вакцинирани луѓе“, рече Батачарија.

Истражувачите успеале да вакцинираат 20 учесници во студијата со третата доза на вакцината, за да видат дали имунолошкиот одговор ќе се подобри.

„Нивото на антитела се подобри кај околу 80 проценти од пациентите со рак“, рече Батачарија, заклучувајќи:

„Нашите податоци за пациентите со рак ги поддржуваат упатствата на Американските центри за контрола и превенција на болести според кои луѓето со ослабен имунолошки систем треба да примаат трета доза „Фајзер“ додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот