Нова студија открива дека пчелите го сакаат цветот на канабис и им помага да ги спасат своите колонии

Нови истражувања покажаа дека инсектите го сакаат канабисот, пчелите особено. Тие не гравитираат кон него од истата причина како и луѓето, на пчелите очигледно им се допаѓа неговиот полен.

Ова откритие е направедно од истражувачи од Универзитетот Корнел, кои откриле дека колку се повисоки растенијата канабис и колку поголема површина зафаќаат, толку повеќе пчели ќе бидат привлечени од нив.

Односно, пчелите имале 17 пати поголема веројатност да одат кон повисоките стебл отколку кон пониските.

unsplash

Во истражувањето се вели дека висината на стеблата канабис е силно поврзана со богатството и изобилството на видовите пчели.

Поради својата временски уникатна цветна фенологија, конопот има потенцијал да обезбеди нутритивен извор за пчелите за време на периодот на недостаток на цвеќе и со тоа може да помогне во одржување на процесот на опрашување – важен за агроекосистемите“, велат истражувачите.

На пчелите навистина им се допаѓа поленот од растението канабис, но не очекувајте чудно однесување кај пчелите, затоа што тие немаат рецептори за канабиноиди.

unsplash

Новите истражувања биле големо изненадување за многумина, бидејќи традиционално, пчелите ги привлекуваат растенија со светла боја или сладок нектар, две работи кои што ги нема растението канабис.

Сепак, тоа што пчелите го сакаат ова растение може да се покаже исклучително корисно за нивната популација. На многу растенија им требаат пестициди за да им помогнат да растат – нешто што де факто учествува во намалувањето на бројот на пчели, но на растението канабис, наводно, не му е потребна помош од пестициди, што прави пчелите побезбедно да го извлечат поленот.

Ова работи во наша полза, бидејќи пчелите се одговорни за вкрсено опрашување на цвеќињата што го развиваат растот на овошјето и зеленчукот што нам луѓето ни треба за да преживееме.

unsplash

Имајќи го ова предвид, во студијата се наведува дека земјоделците треба да го имаат предвид овој факт за пчелите и да го разгледат начинот на развивање на стратегии за управување со штетници.

Ова не е единствената добра вест поврзана со пчелите што се случи оваа година. Уште во јуни беше објавено дека пчелите многу подобро се снаоѓаат во споредба со претходната година.

unsplash

Помеѓу 1 октомври 2019 година и 1 април 2020 година, пчелите изгубиле само 22,2% од сите колонии во Америка, во споредба со претходната зима кога замреле рекордни 37,7% од колониите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот