Нова студија открива: Алкохолот е фактор за појава на дури седум видови на рак

алкохол
Фото: Pexels

Нова студија објавена овој месец во списанието „The Lancet Oncology“ укажува на тоа дека употребата на алкохол е важен ризик фактор за појава на дури седум сериозни видови на рак, пренесува „Eat This, Not That“.

Студијата е спроведена од група истражувачи од институции за истражувања на ментално здравје и рак во САД, Канада, Франција и Нигерија. Истражувачкиот тим тврди дека потрошувачката на алкохол се зголемува во Кина, Индија, Виетнам и многу други земји. Констатирале дека на глобално ниво во 2020 година 6,3 милиони лица починале од рак на хранопроводот, грлото, гркланот, дебелото црево, ректумот, црниот дроб и дојка и ја означиле употребата на алкохол како фактор во 741.300 нови дијагнози на рак во 2020 година.

алкохол

Сепак, истражувачите откриле дека во 2020 година, употребата на алкохол е фактор во 741.300 нови дијагнози на рак.

Од 741.300 дијагнози ширум светот за овие седум видови на рак 4,1% може да се припишат на алкохолот. Од вкупниот број случаи, 568.700 или 77 проценти биле мажи.

Рак на хранопроводот имале 189.700. Рак на црниот дроб – 154.700. Третиот најчест, карцином на дојка, бил присутен во 98.300 случаи.

алкохол

Иако не е целосно јасно како истражувачите ги категоризирале трите нивоа на консумација на алкохол, тие заклучуваат: „Најголемиот причина за појава на рак што може да се припише на алкохол беше шесток алкохол (346 400 случаи) и обилно пиење (291 800 случаи)“ Нивната дефиниција за умерено пиење придонела за 103.100 случаи, а пиење до 10 грама алкохол на ден за 41.300 случаи.

Истражувачите заклучуваат дека се „неопходни ефективни политики и интервенции“ за да се подигне свеста за ризиците од карцином поврзан со употреба алкохол и да се намали вкупната потрошувачка на алкохол за да се спречи товарот од карциноми поврзани со алкохол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот