Нова студија може да ја покаже ефикасноста на „АстраЗенека“ против бразилската мутација

АстраЗенека Фабрика
Фабриката на АстраЗенека/ Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Прелиминарните податоци на новото истражување спроведено на Универзитетот во Оксфорд покажуваат дека вакцината против ковид-19 на „АстраЗенека“ и Оксфорд е ефикасна против бразилската мутација или П1, изјави извор запознат со студијата.

Податоците укажуваат дека вакцината не треба да се менува за да се обезбеди заштита против таа мутација, за која се верува дека потекнува од бразилскиот град Манауса, изјави изворот кој сакал да остане анонимен, бидејќи резултатите сè уште не се официјално објавени.

Тој не наведува колку точно е ефикасноста на вакцината против таа мутација. Наводно, резултатите од студијата треба да бидат објавени наскоро, можеби овој месец.

Претставници на „АстраЗенека“ и Оксфорд сѐ уште не ги коментирале таквите наводи.

Бразил моментно се соочува со долготраен втор бран на коронавирус, а во средата е регистриран дневен рекорд од 1 910 смртни случаи од последици на ковид-19.

Варијантата П1 е меѓу факторите за кои епидемиолозите веруваат дека придонесуваат за зголемување на бројот на заразени случаи и починати, а во научната заедница постои загриженост за отпорноста на оваа мутација на вакцините.

Претходно беше објавено дека вакцината на АстраЗенека е веројатно помалку ефикасна против јужноафриканската мутација, која е слична на P1. Затоа ЈАР времено ја прекина вакцинацијата со оваа вакцина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот