Нова студија: Луѓето со овие крвни групи се во поголем ризик за зараза со ковид

Profimedia
Фото: Профимедиа

Појавата на новиот коронавирус донесе многу нови научни откритија и дебати. Една од нив е можната поврзаност помеѓу крвните групи и ризикот од ковид-19.

Постојат студии кои укажуваат дека одредена крвна група е повеќе склона кон инфекции со коронавирус, додека истражувачите ги отфрлија таквите тврдења и заклучија дека не постои врска помеѓу крвните групи и поврзаноста со коронавирусот.

Новата студија која на почетокот на неделата ја објави болницата Сер Ганга Рам (СГРХ) укажува на тоа дека луѓето со крвни групи А, Б и Рх + се поподложни на инфекција со ковид-19, додека нулта, АБ и Рх – се изложени на помал ризик од инфекција, пренесува „Тајмс на Индија“.

Студијата покажа дека мажите со крвна група Б се повеќе склони кон ковид-19 отколку жените со крвна група Б.
Утврдено е дека луѓето помлади од 60 години со крвна група АБ се повеќе склони кон зараза со ковид-19.
Меѓутоа, студијата не откри поврзаност помеѓу крвните групи и подложноста на сериозноста на болеста, како и на смртноста.

„Тешкиот акутен респираторен синдром SARS-CoV-2 е нов вирус и не е јасно дали крвните групи имаат какво било влијание врз ризикот или прогресијата на ковид-19. Затоа, ја испитавме поврзаноста на АБО и Рх крвните групи со чувствителноста на ковид-19, времето на закрепнување и смртноста во оваа студија“, рекол д-р Рашми Рана од Одделението за истражување во СРГХ.

Понатаму, истражувањето покажало дека луѓето со крвна група А и Рх + се поврзани со намален период на опоравување, додека оние со крвна група нулта и Рх – би можеле брзо да закрепнат.

„Меѓутоа, крвните групи АБО и/или Рх крвните можеби не се одговорни за оваа поврзаност, бидејќи тие може да укажуваат на неистражен основен фактор како што е коморбидитет. Затоа, потребни се поголеми, мултицентрични и проспективни студии за да се утврди врската помеѓу крвните групи и SARS-CoV-2“, вели д-р Вивек Ранџан, коавтор на студијата од Одделот за трансфузија на крв во СГРХ.

Последната студија објавена во вторникот опфатила 2.586 лица кои биле позитивни на ковид-19.

 

Видео на денот