Нова студија: Бројот на смртни случаи од супербактериите може да се намали за 18 отсто

Фото: Unsplash

Огромен број смртни случаи поврзани со супербактерии што се отпорни на лекови може да се избегнат, а бројот на смртни случаи во посиромашните земји може да се намали за 18 отсто или за околу 750.000 годишно, со спроведување на превентивни мерки, заклучокот е на студијата на американскиот универзитет Принстон.

Студијата објавена во медицинското списание „Лансет“ истакнува дека истражувањето покажало дека секоја година може да се спречат 750.000 смртни случаи поврзани со супербактериите со овозможување подобар пристап до вода и санитарни услови, контрола на инфекциите и вакцинирање во детството, пишува „Гардијан“.

Се напоменува дека антимикробната резистенција (АМР) е голем глобален предизвик, со оглед на еволуцијата на таканаречените супербактерии што се отпорни на лекови, што е, меѓу другото, и резултат на несоодветната и прекумерната употреба на антибиотици.

Експертите предупредија дека ако борбата против АМР не биде поставена како приоритет, бројот на смртни случаи ќе продолжи да се зголемува, при што во најголем ризик ќе бидат новороденчињата, постарите лица и оние со хронични болести.

Експертите наведуваат дека од супербактериите умираат повеќе луѓе отколку од ХИВ, маларија и туберкулоза заедно.

Според податоците од 2019 година, околу 4,95 милиони смртни случаи биле поврзани со бактериска АМР, вклучително и 1,27 милиони смртни случаи што директно се предизвикани од таквата отпорност на бактериите.

Експертите предупредија дека земјите со ниски и средни приходи се многу повеќе погодени од АМР отколку богатите земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот