Нова стихозбирка од Иван Џепароски: Градот Скопје како поетски топос

Издавачката куќа „Ми-Ан“ од Скопје ја објави стихозбирката „Град“ на македонскиот поет, критичар, филозоф и естетичар Иван Џепароски. Пет години по објавувањето на неговата поетска книга „Светлината на Света Гора“ (2015), за која ја доби највисоката македонска поетска награда „Браќа Миладиновци“, Џепароски го менува топосот на своите поетски интереси посветувајќи ја книгата „Град“ на градот во кој го минал целиот свој живот – на Скопје.

На епистемолошки план книгата ја следи траекторијата од времето на римско „Scupi“, преку скопскиот земјотрес од 1963 година, што авторот како петгодишно дете и самиот го доживеал, па сè до денешни дни, додека на формален план таа содржи елементи и на епската поезија – епската широчина, одмерениот ритам, повторувањето, но и на лирската поезија – интимната, социјалната и интелектуалната лирика.

Иван (Ивица) Џепароски (1958, Скопје) е естетичар, теоретичар на културата, поет и критичар. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што магистрирал и докторирал. Автор е на триесет книги и добитник на повеќе награди. Работи на Филозофскиот факултет во Скопје како редовен професор по предметите: Естетика, Историја на естетиката и Филозофија на културата.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 54, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 31 октомври – 1 ноември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот