Нова сообраќајка со полициска „Шкода“, повредени се двајца полицајци

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Двајца полицајци се повредени во сообраќајка во која учествувало и нивното службено возило на скопскиот булевар „Крсте Мисирков“, соопшти МВР.

„На 30.11.2022 во СВР Скопје било пријавено дека во 15.45 часот на булеварот „Крсте Мисирков” се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(36) од Скопје и патничко возило „Шкода”, сопственост на МВР“, пишува во полицискиот билтен.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници од возилото „Шкода”, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Во изминатите неколку месеци се случија неколку сообраќајни несреќи во Скопје, во кои учествуваа полициски возила и беа повредени полицајци.

Млада скопјанка со „Пежо“ се забила во сообраќајци на булеварот „Гоце Делчев“, еден е повреден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот