Нова снимка на Роналдињо од затвор, ја снема препознатливата насмевка (ВИДЕО)

Легендарниот Бразилец освен што беше препознатлив по мајсториите со топката, тој имаше уште еден заштитен знак, насмевката.

Роналдињо веќе одреден период се наоѓа во затвор во парагвајскиот главен град, Асунсион, и по последните видеоснимки и фотографии може да се заклучи дека таквиот живот не го уништи фудбалерот.

Неодамна Роналдињо победи на турнир во мал фудбал, а сега своите фудбалски вештини ги покажа и во одбојка само што наместо со раце, топката се префрла преку мрежата со нога или со глава.

Сепак, иако се обидува да биде во добро расположение, кај Роналдињо се поретко се приметува неговата насмевка .

– Роналдињо воопшто не се чувствува добро, ја снема препознатливата насмевка. Ја нема и позитивната енергија која ја пренесуваше кај сите. Моментно се наоѓа на место на кое никогаш не бил – изјави Нелсон Куевас, поранешен парагвајски голман, кој е во одлични односи со Роналдињо.

Роналдињо и неговиот брат се наоѓаат зад решетки бидејќи во Парагвај влегоа со фалсификувани пасоши пред повеќе од еден месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот