Нова смрт на спортските борилишта: Почина млад руски хокеар на тренинг

Хокеарот на рускиот тим Јужен Урал, Паул Крути почина на 23-годишна возраст, објави на својата официјална страница првата хокеарска лига.
На играчот му се слошило за време на тренингот и покрај обидите, лекарите не успеале да го спасат животот на младиот хокеар.

„Утринава кога пристигна на тренинг Паул Крути изјавил дека се чувствува многу лошо. Клупскиот лекар му укажал помош по што со возило на итна помош бил префрлен на одделение за интензивна нега во локалната болница каде што Паул Крути починал. Прелиминарната дијагнозна е емболија“, објави руската Прва хокеарска лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот