Нова симулација на ДИК, Левица со 2 пратеника

По пребројани резултати од 99% од избирачките места, симулацијата на Државната изборна комисија за распоредот на пратенички мандати по вчерашните парламентарни избори доживеа и мали промени. ДУИ, која во симулацијата со пребројани резултати од 95% од гласачките места имаше 16 пратеници, сега има 15 мандати, а Левица доби еден пратеник, па сега има двајца, станува збор за Димитар Апасиев и Борислав Крмов. Резултатот на останатите партии останува ист.

Според последната симулација, за која сè уште постојат мали шанси да се смени, распоредот на силите во новиот парламент би бил:

СДСМ – 46 пратеника

ВМРО-ДПМНЕ – 44 пратеника

ДУИ – 15 пратеника

АА/А – 12 пратеника

Левица – 2 пратеника

ДПА – 1 пратеник

ДИК најави дека денеска по прибирањето и обработката на сите пристигнати материјали ќе ги соопшти првичните резултати од изборите и распределбата на пратеничките мандати.

На  десеттите парламентарни избори, кои првпат во актуелните услови на пандемија на коронавирусот траеја три дена, правото на глас го искористија околу 923 илјади граѓани или приближно 51 отсто од запишаните гласачи во Избирачкиот список.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот