фото: EPA-EFE/ROLEX DELA PENA

Нова сензација на Австралија опен: Елиминиран шестиот носител Каспер Руд

Норвешкиот тенисер Каспер Руд е елиминиран во второто коло на Австралија опен, поразен од Јакуб Меншик.

Чехот, кој се наоѓа на 48. место во светот, беше подобар од шестопласираниот на АТП листата со 3-1 во сетови – 6:2, 3:6, 6:1, 6:4.

Во третото коло Меншик ќе игра со победникот од дуелот меѓу Феликс Оже-Алијасим и Алехандро Давидович Фокина.

Руд, кој стигна до четвртото коло во Австралија во 2021 година, беше благ фаворит против Меншик, но не успеа да го оправда тоа на теренот.

Меншик подобро го отвори мечот и направи два брејка во воведниот сет. Прво во петтиот, а потоа и во седмиот гем.

Руд успеа да се врати и да го освои вториот сет, но до крајот се чинеше дека на теренот е „само“ 19-годишниот Меншик.

Чешкиот тенисер направи уште три брејка до крајот на мечот, без да загуби ниту еден на свој сервис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот