Нова рунда на дијалогот Белград – Приштина, на 19 јули средба Вучиќ – Курти во Брисел

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти ќе се сретнат на 19 јули во Брисел во рамките на новата рунда од Дијалогот Белград-Приштина, со учество на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел и медијаторот на ЕУ, Мирослав Лајчак, јави допсиникот на МИА од Белград.

Ова денеска го изјави портпаролот на Борел, Петер Стано и оцени дека има напредок во последниот технички дијалог, како и на претходните состаноци.

Стано истакна дека целта на дијалогот е „взаемно прифатлив консензус и компромис со цел да се постигне правно обврзувачки договор за нормализирање на односите”.

– Секој состанок организиран од ЕУ како посредник е мал чекор напред. Нема назадување и тоа е важно, нагласи Стано.

Вучиќ денеска изјави дека верува дека дијалогот со Приштина ќе продолжи на највисоко ниво во Брисел во текот на втората половина на јули.

По претходната рунда разговори меѓу Вучиќ и Курти, што се одржа во Брисел на 15 јуни, шефот на дипломатијата на ЕУ, Борел најави дека до крајот на јули ќе се одржи уште еден состанок на највисоките претставници на Белград и Приштина.

Во меѓувреме, главните преговарачи на двете страни се состанаа во Брисел во обид со експертските тимови да ги усогласат ставовите за претходно постигнатите договори за решавање на прашањето за исчезнатите лица, слобода на движењето, енергијата и формирањето на Зедницата на српски општини.

Дипломатски извори во Брисел особено ја истакнаа важноста за добра подготовка за новата средба меѓу Вучиќ и Курти со цел да се избегне сценариото од претходниот пат – двете страни да не се согласуваат за ништо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот