Нова револуција во Милан, Малдини и Бобан ќе добијат отказ

twitter/La Milano Rossonera

По очајниот старт во Серија А, но и катастрофално одработениот преоден рок, во Милан се подготвува нова револуција, тврди „Калчомеркато“.

Тие се убедени дека директорскиот тандем Паоло Малдини и Звонимир Бобан ќе добијат отказ.
Причината е катастрофално одбработениот преоден рок и лошите резултати на стартот од сезоната, а имаат и сосема поинакви идеи и гледишта од сопствениците за тоа како треба да изгледа Милан.

Директорскиот тандем прво го ангажира Марко Џампаоло за тренер, а потоа неколку месеци подоцна го откушти и на негово место го поставија Стефано Пиоли, но сопствениците и навивачите не гледаат напредок во играта и под водство на новиот тренер.

twitter/Goals News

Поради тоа, сопствениците на Милан, фондот Елиот, ќе им дадат отказ на Малдини и на Бобан и планираат да го ангажираат Германецот Ралф Рангник со тоа што ќе му понудат комплетна контрола над првиот тим. Имено, Рангник би требало да има улога каква што имаше сер Алекс Фергусон во Манчестер јунајтед. Тој би бил и тренер, и главен скаут и спортски директор кој самостојно ќе одлучува за трансферите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот