Нова регионална кошаркарска лига – Србија, Грција, Македонија..!?

фото: твитер

– Мораме брзо да се ориентираме. Мислам дека рокот 15 јули е најповолен – вели првиот човек на бугарската кошарка, Глушков.

Претседателот на бугарската кошаркарска федерација, Георги Глушков ја обелодени идејата за формирање ново регионално натпреварување во кое би учествувале клубови од Србија, Македонија, Грција и Бугарија.

Пред извесно време беше активирана идејата за бугарско-македонска лига, а според последните информации можно е во натпреварувањето да се вклучат клубови од Србија и Грција.

Глушков потврди дека се преговара на оваа тема, како и дека постои рок за реализација на проектот, информира sportklub.rs

По тоа прашање напорно работиме. Мораме брзо да се ориентираме и имаме повеќе информации. Во контакт сме со челниците на соседните федерации. Мислам дека рокот 15 јули е најповолен, така што можеме да се организираме. Ќе биде многу тешко, бидејќи мора да се направи календар за домашното првенство. Постојат варијанти за вклучување на екипи од Грција и Србија. Имаме добри односи со тие земји – рече Глушков.

После состаноците и разговорите на претставниците на федерациите, ќе се знае каква би била таа лига. Покрај АБА лигата во која учествуваат екс ју екипи, на овие простори се игра и Балканската лига (БИБЛ).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот