Нова радост за Несторовски и Удинезе во Серија А!

Фото: EPA-EFE/GABRIELE MENIS

Составот од Удине стигна и до осмата победа сезонава во најсилното италијанско првенство со 2:0 дома го совлада Сасуоло во рамките од 26 коло.

Стрелци на единствените голови на „Дачија“ Арената за Удинезе беа Љоренте во 42 минута и Перејра во самиот финиш од средбата (90+3`).

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски настапи од 86 минута како замена за Љоренте.

На табелата Удинезе е на 10 позиција со 32 бодови, четири помалку од деветтопласираниот Сасуоло.

Во наредното коло од Серија А Несторовски го очекува македонскиот дуел на гости на 13 март против Џенова на Горан Пандев. Во оваа лигашка рунда се одигра уште еден меч, Специја ремизираше 1.1 со Беневенто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот