Нова победа за Калин, обезбеди полуфинале во Тунис

фото: instagram.com/kalin_ivanovskii/

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски продолжува да победува на турнирот во Монастир Тунис каде што награднито фонд изнесува 15.000 американски долари.

Ивановски во денешното четвртфинале прикажа одлична игра и заслужено беше подобар од Себастијан Соргер од Австрија со 2:0. Првиот сет Ивановски го освои со 6:3, а вториот со 6:4 и заслужено си обезбеди полуфинале.

Познат е и противникот со кој ќе се соочи Калин во битката за место во финалето, тоа е грчкиот тенисер Стефанос Сакеларидис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот