Нова платформа за работа на Собранието: Пратениците ќе можат да гласаат од дома

Фото: МИА

Владата, посочи Манчевски, и сега работи онлајн и тие измени на Деловникот се донесени одамна.

Како резултат на пандемијата со коронавирусот, пленарните седници на Собранието се „преселени“ во салата со куполи, каде што полесно се одржува физичка дистанца меѓу пратениците, додека техничката влада во последните неколку месеци постојано заседаваше онлајн

Во Собранието се подготвува платформа за и пратениците да може да работат и да одлучуваат од дома или од нивните канцеларии, соопшти новоизбраниот пратеник на СДСМ и досегашен министер за информатичко општество и администрација Дамјан Мнечевски.

– Во парламентот веќе работат на платформа на која и пратениците ќе може да работат и да одлучуваат и од дома или од нивните канцеларии, што исто така е голем предизвик. Службите работата на ова и верувам дека не подоцна од крајот на септември ќе биде и тоа овозможено –
изјави Манчевски, кој денеска учествуваше на неформална заедничка средба со пратеникот и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и координатор на Програмата за транспарентност и дигитализација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП).

Владата, посочи Манчевски, и сега работи онлајн и тие измени на Деловникот се донесени одамна.

Во однос на новото парламентарно мнозинство, Муцунски, по средбата, изјави дека практично станува збор за истата коалиција што владееше во последните три години и дека е неблагодарно да се дава предвидување за тоа колку ќе трае.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот