НОВА ОПАСНОСТ: Пожар во Сопиште во близина на фабрика за пиротехника – Слободен печат
ВестиМакедонијаНекатегоризирано

НОВА ОПАСНОСТ: Пожар во Сопиште во близина на фабрика за пиротехника

Пожарот кај Пинтија ставен под контрола.

Ставен е под контрола пожарот над скопската населба Пинтија, кој избувна денеска. Во пожарот беше зафатена мешана шума на поголема површина.

Како што информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, локализиран е и пожарот кај скопското село Мојанце, над Арачиново, а нов пожар е пријавен кај Сопиште.

– Во моментов две екипи пожарникари се упатени кон Сопиште, каде граѓани телефонски пријавиле пожар. Пожарот е во близина на фабриката за пиротехнички средства, изјавија за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close