Нова опасност: Австралија ја очекува наезда на отровни пајаци

Фото: Профимедиа

Катастрофите кои ѝ се случија на Австралија во последните месеци создадоа совршени услови во кои овој животински тип би можел лесно да се размножи.

Австралија оваа година веќе се соочи со екстремни пожари, бури, поплави и град. Експертите сега предупредуваат на нова опасност – смроносни пајаци.

Катастрофите кои ѝ се случија на Австралија во последните месеци создадоа совршени услови во кои овој животински тип би можел лесно да се размножи.

Влажните шумски предели на источна Австралија стануваат природно опкружување за неколку врсти на пајаци познати по својот многу отровен и брзоделувачки отвров. Меѓу нив е сиднејскиот левак-пајак (Atrax robustus).

Поради потенцијалната опасност, се огласи и австралискиот парк на влекачи, со седиште во Сомерсби, во сојузната држава Нов Јужен Велс, откаде порачуваат дека присуството и активноста на овие пајаци во последните денови е зголемена.

– Поради неодамнешните врнежи и топли денови, смртоносните пајаци ќе почнат да се движат секаде. Тие се едни од најопасните пајаци на планетата и за овој проблем мораме да постапуваме многу сериозно – изјави портпаролот на паркот Даниел Рамесеј во видео објавено на Фејсбук.

Сиднејскиот пајак е активен во текот на летото, но „сезоната на пајаците“ оваа година доцнеше извесен период, бидејќи во последните месеци во Австралија беше многу суво.

Како што пишува Си-Ен-Ен, стигнуваат предупредувања дека нивниот отров е многу токсичен и дека постои опасност од смртен исход, доколку дојде до контакт со ова опасно животно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот