Фото: Pool / Zuma Press / Profimedia

Нова одлука на Кејт Мидлтон: Принцезата не сака повеќе да се пишува за нејзината облека, откриена е и причината

Кенсингтонската палата во име на Кејт Мидлтон редовно објавуваше што носи на своите појавувања, но со новата година доаѓаат и промени. По битката со ракот, објавите за нејзината облека станаа целосно ирелевантни за принцезата, поради што воведе новост, сакајќи да се фокусира на важните работи.

Доаѓањето на 2025 година означи нов почеток за Кејт Мидлтон, во која таа го остави сето лошо што се случи во изминатата година далеку зад себе, фокусирајќи се на она што е навистина важно.

Имено, 43-годишната принцеза од Велс се врати на своите должности, појавувајќи се низ Велика Британија, поминувајќи време со оние кои, како неа, се борат со ракот. И, додека ја доби таа битка, а нејзиното лекување беше успешно завршено, реши да биде најголема поддршка за оние кои се уште не го добиле. Бидејќи добро знае дека нејзините модни комбинации редовно го засенуваат она што сака да го промовира, Кејт Мидлтон донесе нова одлука.

Принцезата донесе одлука дека повеќе нема да се споделуваат информации за тоа што носи на нејзините јавни појавувања.

„Нејзината работа не е облеката и таа разбира дека луѓето се заинтересирани за тоа и таа го почитува тоа, но дали треба секогаш официјално да зборуваме за тоа? Мислам дека не е така. Стилот е тука, но има многу поважни работи од тоа“, открил извор близок до палатата за „Сандеј тајмс “.

ВИДЕО | Принцот Луис ги насмеа сите со својот танц на крунисувањето на неговиот дедо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот