Нова научна студија за потеклото на ковид-19: Кина смета дека пандемијата започнала во Италија

кина ковид-19
Спавување со ковид-19 во Кина / Фото: EPA-EFE/GENO ZHOU CHINA OUT

Кина користи нова студија за раното, прикриено ширење на коронавирусот во Италија за да ја доведе во прашање основаната претпоставка за родното место на пандемијата.

Официјални лица во Пекинг инсистираат на нова студија која сугерира дека инфекцијата можеби се проширила во европската средина уште во септември, три месеци пред да се потврди дека се шири од кинескиот град Вухан, пренесува лондонски „Тајмс”.

Азиската држава претходно се посомнева на Шпанија за потеклото на пандемијата, како и со американската војска, тврдејќи дека вирусот во Вухан е донесен во октомври во минатата година за време на Светските воени игри, се наведува во извештајот.

Кинеските државни медиуми сега ја форсираат идејата дека новата студија на италијанскиот Национален институт за рак докажува оти инфекцијата најверојатно започнала во Италија, а не во Кина, наведува британскиот весник.

– Ова уште еднаш покажува дека потрагата по изворот на вирусот е сложено научно прашање што треба да се препушти на научниците, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Чао Лиџијан.

Светската здравствена организација (СЗО) призна дека е можно вирусот „да циркулирал тивко на друго место” пред да биде откриен во Вухан. Сепак, многу научници се скептични во однос на наодите од италијанската студија, а други забележуваат дека не се исклучува дека коронавирусот да потекнува од Кина.

– Знаеме дека Кина го одложи објавувањето на својата епидемија, па затоа не е познато кога започна таму, а Кина има многу силни трговски врски со северна Италија, изјави Џовани Аполоне од Националниот институт за рак во Милано за „Тајмс”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот