Нова надеж во лекувањето на ковид-19: Британските научници дошле до значајно откритие

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Британските научници ќе почнат да го тестираат протеинот интерлеукин 7, како нова терапија во лекување на ковид-19, пренесува Би-би-си.

Научниците во Велика Британија откриле дека лицата заразени со коронавирус имаат мал број клетки на имуниот систем кои се нарекуваат Т-клетки или Т-лимфоцити. Анализата на крвта на 60 пациенти заболени од ковид-19 покажале значаен пад на бројот на Т-клетките.

Ваквите резултати ги изненадиле научниците, бидејќи овие клетки имаат заштитна и одбранбена улога, но коронавирусот го намалил нивниот број.

Во микролитар од капка крв на здрава личност просечно има меѓу 2.000 и 4.000 Т-клетки, додека кај пациентите зарзаени со ковид-19 кои биле опфатени со истражувањето, бројот на овие клетки бил меѓу 200 и 1200.

Научниците тврдат дека истражувањата можат да доведат до формулирање на тест за утврдување на бројот на Т-клетките во крвта, кој би овозможил да се предвиди развојот на потешки облици на ковид-19.

Интерлеукинот веќе е тестиран на помала група пациенти со сепса, кога се покажало дека овој протеин го поттикнува создавањето на Т-клетки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот