Нова надеж: Јапонските власти планираат да одобрат таблети против ковид-19

таблети
Таблети / Фото: Unsplash

Јапонскиот премиер Фумио Кишида откри дека владата ќе размисли за давање условно, предвремено одобрување на ковид таблети, развиени од „Shionogi&Co Ltd“, пренесуваат странските медиуми.

„Ако клиничките испитувања ја потврдат безбедноста и ефективноста на лекот, би сакале веднаш да го разгледаме“, истакна Кишида на состанокот на парламентарната комисија што беше емитуван на телевизија.

Шионоги одделно извести дека новите резултати од тековното клиничко испитување на лекот, познато како „S-217622“, ​​покажале „значајна разлика“ во антивирусниот ефект во споредба со плацебото, како и подобрување на симптомите.

Извршниот директор Исао Тешироги им рече на новинарите дека компанијата може да аплицира за рано одобрување на лекот веќе следната недела и дека е во состојба да испорача еден милион дози до крајот на март.

Весникот „Mainichi“ претходно објави дека Јапонија размислува да дозволи „Shionogi“ да продава антивирусни орални таблети уште оваа пролет, откако ѝ дала на фармацевтската компанија специјална дозвола да ја прескокне последната фаза од клиничкото испитување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот