Нова моќна порака на Попович: Нашата историја е лага

twitter.com/BR_NBA

Бурата во САД по убиството на Џорџ Флојд не стивнува, а по втор пат во неколку дена се огласи и тренерот на Сан Антонио спарс Грег Попович.

Најтрофејниот активен тренер во НБА лигата, Грег Попович уште еднаш испрати моќна порака во борбата против расизмот и полициската бруталност. Попович повторно реагира на убиството на Флојд и потсети дека тоа истите работи во САД се случуваат веќе 400 години.

– На некој чуден начин, од оваа последна голема трагедија како да добивме лекција од погледот кој го имаше тој полицаец. Таа гласи дека белите луѓе да видат колку тој се однесува ноншарларно, колку му е секојдневна работа па раката ја стави во левиот џеб и ја притисна личноста со коленото за дополнително да му одржи лекција. Во неговиот ум, тоа е обврска која треба да ја направи.
Не знам…

Мислам дека како белец сум засрамен што знам дека тоа може да се случи, да го видиме во реалноста. Сите читавме книги и во нив гледавме илустрации како црните луѓе висат на дрвата.

И згрозен сум што го гледам тоа. Мислев дека никогаш со своите олчи нема да го видам тоа во реалноста.

Ние како бели лчуѓе мора да направиме нешто бидејќи ништо да може да се случи само од себе. Црните луѓе го носат истиот товар веќе 400 години.

Единствена причина поради која оваа нација напредуваше се упорноста, трпението и истрајноста на црните луѓе. Историјата на нашата нација од самите почетоци на многу начини е лажна. Продолжуваме и денеска со обиди таа лага да ја направиме вистина. Правата и привилегиите мора да важат за сите луѓе.

На нас е без разлика на последиците да ја зборуваме вистината, вистината да има моќ. Мораме да зборуваме, не смееме да оставиме работите да се случуваат без последици.


Што ни е потребно? Уште неколку црни луѓе со колено на вратот? Не би рекол, не верувам дека тоа ќе се случи. Лесно им е на луѓето да заборават за непреавда доколку не им се случила на нив. Да не влегувам во политика, мораме сите да се кренеме и тоа брзо бидејќи нашата земја е во проблемот, а основната причина е расата“
, порача Попович.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот