Нова мигрантска трагедија: Се удави дете од Сирија

Мигранти, Либија / Фото: Архива

Дете мигрант од Сирија се удавило на плажа во јужна Грција откако претходно без знаење на родителите го напуштило бегалскиот камп, соопштија денеска грчките власти.

Грчкото Министерство за цивилна заштита соопшти дека детето имало две и пол години.

Детето се удавило вчера попладне, откако излегло од кампот во Андравида, во западниот дел на Пелопонез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот